loading image
blog-page-image

Здравствени придобивки од пиењето кафе

Здравствени придобивки од пиењето кафе

Може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести

Можеби мислите дека кафето му штети на вашето срце повеќе отколку што помага, особено поради фактот дека срцето чука побрзо кога пиете кофеин. Сепак вистината е дека пиењето 3-5 шолји кафе дневно ги намалува шансите за добивање на болести на срцето.

Ги зајакнува вашите мозочни клетки

Како стимуланс, кафето му овозможува на вашиот мозок да произведе повеќе допамин и адреналин од вообичаено. Ова може да има голем број на позитивни ефекти, како што се подобрување на меморијата и вашите реакции.

Ги намалува шансите од мозочен удар

Слично како со срцевите заболувања, конзумирање на две до шест шолји кафе на ден, може да го намали ризикот од мозочен удар.

Ви овозможува да трчате побрзо

Едноставно кажано, пиењето кафе пред тренингот им овозможува на вашите мускули подобро да ги конвертираат вашите масти како гориво, што значи дека вие ќе се чувствувате полни со енергија.

Помага при согорување на мастите

Кафето може да ви помогне за губење на тежината, како што се гледа од страна на една студија во која е докажано дека екстрактот од зелено кафе знае да биде значаен фактор во помагањето да се постигне нормална тежина.

Значително го намалува ризикот од дијабетес тип II

Истражувањата покажаа дека со консумирањето на кафе во голема мера се намалува ризикот за добивање на тип дијабетес II. За секоја шолја кафе на ден што испитаниците ја консумираа, истражувачите откриле дека нивните шанси за добивање на дијабетес се намалува за 7%.

Го заштитува вашиот мозок од Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест

На докажан подолг рок, кафето може да биде супер за вашиот мозок. Честото консумирање на кафе се покажа дека го намалува ризикот од добивање на дегенеративни болести како Алцхајмеровата болест, Деменција и Паркинсонова болест.

Ве држи млади

Не само што кафето може направи да изгледате помлади, тоа може исто така да направи и да се чуствувате млади. Научниците открија дека користењето на кафе помага на телото да се бори против типичните ефекти на стареењето, како што се намалувањето на рефлексите и влошување на меморијата.

Се бори против депресија

Кафето е исполнето со антиоксиданси и други хемикалии (како кофеинот). Во истражувањата на Националниот институт за здравство се покажа дека луѓето кои пијат четири или повеќе чаши на ден се со 10% помалку шанси да бидат погодени од депресија.

Прави чуда за вашиот црн дроб

Кафето ги намалуа шансите да бидете погодени од цироза на црниот дроб и до 80%. Не само што кафето може да се бори против ефектите на алкохолот врз црниот дроб, тоа исто така го намалува и ризикот од рак на црниот дроб до 40%.

Го намалува ризикот од очни болести

Научниците откриле дека пиењето кафе ги намалува шансите за губење на видот, како и на очни болести како глаукома, благодарение на исклучително моќните антиоксиданси кои се присутни во кафето.

Ја намалува болката

Едно истражување докажува дека кафето во полна смисла на зборот ги ублажува некои од вашите физички болки, слично како ибупрофенот или други лекови за болка.

 

И за крај – Кафето го прави секое утро подобро!

Како да нарачам

Погледнете го видеото и направете ја вашата нарачка

Избор на денот

Затвори
Затвори
Изберете дали нарачката да биде доставена од от или од Апни Си.
Зачувај промени
Затвори
Затвори
× Почитувани, поради отежнатите временски услови Апни Си денес (16.12, недела) ќе работи до 14:00ч. Од утре (17.12, понеделник) продолжуваме со работа.