loading image
blog-page-image

Историја на хамбургерот

Потеклото на хамбургерот не може прецизно да се одреди, а се смета дека се појавил во првата половина на 19-тиот век. Некои истражувачи тврдат дека овој тип на храна настанала во Хамбург, Германија. Името бургер означува замок или тврдина, а во модерно време е поврзано со повеќе типови на сендвичи со различни типови на месо како говедско, пилешко, рибешко, месо од кенгур и други комбинации.

Основна дефиниција за хамбургер е плескавица од говедско месо помеѓу две парчиња леб или лепиња. Денешниот хамбургер содржи и додатоци како салати, кромид, сосови и се служи со помфрит и ладен пијалок. Заедно со пицата, хамбургерот е еден од најпознатите оброци во светот. Практично и да не постои место во светот каде што не се продава овој тип на сендвич. Начинот на подготвување на хамбургерот варира од една средина до друга. 

Најголемиот хамбургер во светот се продава во Mallie's Sports Grill & Bar во Мичиген, тежи 84.3 килограми и чини 499 долари. Рекордот за најголем чизбургер со сланина е 914 килограми и е направен на 2 септември 2012 година во Black Bear Casino Resort во Минесота. Во Индија поради културните разлики, плескавицата е од пилешко месо или од зеленчук. Јапонскиот назив за хамбургер е hanbāgā и во некои азиски земји се служи со оризови плескавици.


хамбургер

Како да нарачам

Погледнете го видеото и направете ја вашата нарачка

Избор на денот

Затвори
Затвори
Изберете дали нарачката да биде доставена од от или од Апни Си.
Зачувај промени
Затвори
Затвори
× Почитувани, поради отежнатите временски услови Апни Си денес (16.12, недела) ќе работи до 14:00ч. Од утре (17.12, понеделник) продолжуваме со работа.