loading image
blog-page-image

12 интересни факти за пицата

 1. Зборот “пица” датира од X век и за првпат се споменува во латински текст напишан во јужниот дел на Италија во 997 година.

2. Модерната пица потекнува од Неапол кога во 1700 години сиромашните ставале домати врз тесто.

3. Првата пицерија во Америка е “Ломбарди” отворена во Њујорк првично како самопослуга, а потоа почнува да продава пица во 1905 година.

   

    (Првата пицерија во Америка „Ломбарди”)

4. Најпрво пицата се продавала исклучиво на парче, но во 1933 година „Patsy Lancieri“ во Њујорк почнува да продава цела пица – тренд кој брзо е позајмен и од други пицерии.

5. Првата замрзната пица се појавила на пазарот во 1962 година.

6. Многу познати луѓе ја започнале својата кариера со правење или испорака на пици. Стивен Балдвин и Бил Мареј работеле во пицерии, а Жан-Клод ван Дам разнесувал пици.

7. Првата онлајн нарачка на пица била од „Pizza Hut“ во 1994 година.

8. Во 2001 година „Pizza Hut“ ја испорачува првата пица на Меѓународната вселенска станица.

9. Пред повеќе од четири години, група научници финансирани од НАСА измислиле 3D печатач кој може да подготви пица за само 70 секунди.

10. Воената лабораторија на САД неодамна измисли пица која може да трае и до три години. Пицата е наменета за војници на мисија.

11. Првата Bitcoin трансакција во 2010 година била направена за пица во износ од 10 000БТЦ или 25 долари – коишто сега вредат 7 милиони долари.

12. Годишно се продаваат по 5 билиони пици и 350 парчиња пица се јадат секоја секунда.




Како да нарачам

Погледнете го видеото и направете ја вашата нарачка

Избор на денот

Затвори
Затвори
Изберете дали нарачката да биде доставена од от или од Апни Си.
Зачувај промени
Затвори
Затвори
× Почитувани, поради отежнатите временски услови Апни Си денес (16.12, недела) ќе работи до 14:00ч. Од утре (17.12, понеделник) продолжуваме со работа.