loading image

За Апни си

Апни си е прва веб страна во Струмица која нуди огромен избор на ресторани од кои можете да порачате храна и таа да стигне до вашата врата. Овој портал се отвори на 01.08.2017 со цел да ви овозможи полесен пристап до вкусната храна од рестораните низ Струмица.

Отсега имате можност да нарачате вкусна храна, од вашиот омилен ресторан, без да излезете од дома. Ние ви нудиме квалитет, брзина и безбедност. Благодарение на специјалните термоизолациони торби, вашата храна ќе пристигне топла и вкусна на вашата врата, а за нејзина заштита и сигурност користиме специјални безбедносни лепенки кои се ставаат на самата кутија. Доколку оваа лепенка ја нема, можете да ја вратите нарачката и да побарате да ви донесеме нова.

Дополнителна и уникатна услуга е што освен храна од вашиот омилен ресторан, можете да нарачате нешто и од првиот ONLINE маркет во Струмица. Нарачајте сок, пиво, цигари или што и да ви е потребно за дополнително уживање во вкусните ручек или вечера. Како за крај, ви овозможуваме да ја следите вашата нарачка online за да бидете сигурни дека таа ќе пристигне во зададеното време.

Ако се мислите како да нарачате процесот е едноставен:

  • Регистрирајте се
  • Одберете ресторан
  • Одберете јадење
  • Одберете нешто од маркет
  • Потврдете ја нарачката
Плаќањето се врши во готово или со картичка при доставување на нарачката. Каде и да сте, во Струмица или околните населби, апнете си преку apnisi.mk
Затвори
Затвори
Изберете дали нарачката да биде доставена од от или од Апни Си.
Зачувај промени
Затвори
Затвори
× Почитувани, поради отежнатите временски услови Апни Си денес (16.12, недела) ќе работи до 14:00ч. Од утре (17.12, понеделник) продолжуваме со работа.